Француските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е на чекор да го донесе младиот талент на ПСЖ, Танги Куаси.
Куаси наскоро ќе наполни 18 години и важи за еден од најголемите таленти во Франција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот дефанзивец оваа сезона се пресели во првиот тим на ПСЖ, веќе има вкупно 15 настапи, а дури и дебитираше во Лигата на шампиони.
Неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето, па е слободен да преговара со други клубови, а медиумите тврдат дека најдобрата понуда стигнала од Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ му понудиле 5-годишен договор вреден 2 милиони евра по сезона, па се очекува во наредните денови да стигне и официјална потврда.