Вардар вечерва одигра одличен натпревар славеше победа над вицешампионот на Европа, Алборг (30:28).
Борко после натпреварот истакна дека за него најважно е тимот да победи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мене не ми се важни одбраните, важно е екипата да победи. Томовски е еден млад голман што можеби има притисок во вакви натпревари, затоа сум јас тука, заедно со стручниот штаб. Ова беше тежок натпревар, иако од трибините не изгледаше така. Јавно не најавувавме, но потајно верувавме во победата. Да не се залетуваме, да уживаме и да одиме чекор по чекор“, изјави Борко.
Со оваа победа Вардар скокна од четвртото на првото место во групата, претходно првопласиран беше токму Алборг.