Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи несомнено го сочинуваат еден од најдобрите стоперски тандеми во светот.
Нив особено ги пофали Жозе Мурињо после мечот на „Олд Трафорд“ и истакна дека би можеле да предаваат одбрана на Универзитетот Харвард.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само два дена подоцна пристигна „повик“ од Харвард и тоа од Франческо Дагостино кој e помошникот тренер на фудбалскиот тим Универзитетот.
„Имам размислувано на оваа тема. Киелини треба да предава медицина. Неговиот нос кој е скршен безброј пати би можел да биде дониран за науката. Бонучи пак би можел да предава психологија. Тоа патување Јувентус-Милан-Јувентус ризикува да предизвика поделена личност“, истакна Дагостино
„Шегата на страна, се согласувам со Мурињо, тие двајца се академици на одбраната. Ако мојот тим ги гледа одблиску, верувам дека би примиле многу помалку голови“, додаде Дагостино кој e помошникот тренер на фудбалскиот тим универзитетот на Харвард.