Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Арсенал и Интер спремаат голема трампа

„Бомба“ од Островот: Арсенал и Интер спремаат голема трампа

Пјер Емерик Обамејанг ова лето сигурно ќе го напушти Арсенал, па „топџиите“ веќе ја започнаа потрагата по негова замена.

Последните информации од Островот се дека прва желба на „топџиите“ е напаѓачот на Интер, кој моментално игра на позајмица во ПСЖ, Мауро Икарди.

Икарди и понатаму е официјално играч на Интер, но за него нема место на „Џузепе Меаца“, па ќе мора да бара нов клуб доколку ПСЖ одлучи да не го откупи неговиот договор.

Поради тоа Интер и Арсенал сакаат да ја искористат целата ситуација и да договорат трампа Обамејанг – Икарди.

Обамејанг е голема желба на тренерот Антонио Конте, па дефинитивно сите страни би биле задоволни од оваа трампа, само прашање е дали Икарди ќе прифати да се пресели во Лондон.

Обамејанг е повозрасен од Икарди и неговиот договор истекува следното лето, па поради тоа цената на Аргентинецот е повисока во моментов и Арсенал ќе треба да му доплати одредена сума на Интер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сари го носи Вилијан во Јувентус

Веќе е извесно дека Вилијан на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи како слободен агент,…