Дома Топ вести „Бомба“ од Италија: Милан започна преговори со Ракитиќ!

„Бомба“ од Италија: Милан започна преговори со Ракитиќ!

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ги брои последните денови во Барселона.

Иако со години беше стандарден, оваа сезона во Барселона има маргинална улога, поради што каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека ќе си замине уште во јануари.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Последните информации од Италија се дека Милан сериозно се вклучил во трката за потписот на Ракитиќ. Директорот Звонимир Бобан веќе работи на трансферот и е во постојан контакт со својот сонародник.

Милан игра лошо оваа сезона, го има најмладиот тим во Серија А, па во јануари сака да инвестира во искусни фудбалери.

Интерес за Ракитиќ веќе подолго време покажува и Интер, но „Газета дело Спорт“ пренесува дека инетресот на „нероаѕурите“ се „оладил“, бидејќи Конте го преферира Артуро Видал.

31-годишниот Ракитиќ е спремен за нова авантура и му се допаѓа преселба во Милано, каде треба да биде лидер на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…