Италијанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Јувентус започнал преговори со Барселона за трансфер на Антоан Гризман.
Двата клуба се во одлични односи после трампата помеѓу Артур и Пјаниќ, а ова лето би можеле да договорат уште една голема зделка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29-годишниот Французин не ги оправда очекувањата во својата прва сезона на „Камп Ноу“, иако пристигна како големо засилување за кого Каталонците платија 120 милиони евра.
Гризман остана на клупата на последните три меча, влезе во конфликт со тренерот, а познат е неговиот лош однос со Лионел Меси.
Од Јувентус сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат Гризман во Торино.
Јувентус ќе се обиде во зделката да вклучи некои фудбалери како Даглас Коста и Адриен Рабио, но е спремен да го плати трансферот во кеш, доколку Барселона се согласи да биде платен на неколку годишни рати.