Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Икарди се враќа во Серија А

„Бомба“ од Апенините: Икарди се враќа во Серија А

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А во јануари.

Тренерот на ПСЖ, Тухел не му дава шанса на Икарди оваа сезона, па аргентинскиот напаѓач е спремен да ја промени средината.

Најсилен интерес во моментов покажува Милан, кој во Икарди гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ и некој кој ќе биде главен напаѓач во наредните години.

Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди уште во јануари.

Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер не се откажува од Жиру

Тренерот на Интер, Антонио Конте не се откажува од намерата да го донесе Оливие Жиру во св…