Ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт и хрватски репрезентативец Анте Ребиќ е пред тѕрансфер во Милан, потврдија германските и италијанските медиуми.
Еминентниот новинар на „Скај Италија“, Џанлука ди Марцио пренесува дека Милан и Ајнтрахт се во напредни преговори за трансфер на Анте Ребиќ и дека играчот веќе има договор со „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако пропадна можноста за ангажман на Анхел Кореа, Милан се насочи кон хрватскиот репрезентативец и сака да го комплетира трансферот до утре вечер, кога се затвора трансфер пазарот.
Понудата на „росонерите“ е помеѓу 25 и 30 милиони евра, така што Ребиќ ќе дојде на едногодишна позајмица, но Милан се задолжува следното лето да го откупи договорот за споменатата сума.
Дека трансферот е блиску до реализација потврдија и германските медиуми, кои откриваат дека Ребиќ не е повикан за денешниот натпревар на Ајнтрахт и се очекува вечерва да пристигне во Милано на лекарски прегледи.
Ante Rebic is on the verge of a move to AC Milan for a fee of €30M from Eintracht Frankfurt. pic.twitter.com/2GrJLmk1XB
— Transfer News (@TransfersLlVE) September 1, 2019