Ливерпул се уште не се откажал од намерата да го доведе дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.
Според „Паризиен“ голема желба на Клоп е да формира тандем Кулибали-Ван Дајк и веќе подолго време работи на трансфер на Сенегалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај фактот што Ливерпул потроши сериозна сума за трансферите на Алкантара и Диго Жота, сепак раководството е спремно да инвестира во Кулибали.
Весникот тврди дека напаѓачот на Ливерпул Садио Мане се обидува да придонесе за трансферот и го убедува својот сонародник да се пресели на „Енфилд“.
Интерес за Кулибали покажуваат уште Манчестер Сити и ПСЖ, а Наполи за неговата слобода бара 80 милиони евра.