Веќе подолго време се шпекулира со иднината на Роберт Левандовски, а сега е јасно дека напаѓачот сака да го напушти Баерн Минхен.
Пини Захави, агентот на Левандовски веќе ги известил челниците на германскиот шампион дека неговиот фудбалер сака промена и нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роберт чувствува дека му треба промена и нов предизвик во неговата кариера. Баварците го знаат ова. Неговите мотиви не се за пари или желба да се придружи во одреден клуб. Речиси сите водечки тимови би сакале да го имаат најдобриот напаѓач во своите редови“, изјави Захави.
„Билд“ тврди дека Захави го понудил Левандовски на три клуба, од кои едниот е Пари Сен Жермен. Интересот на Реал Мадрид во моментов е „изладен“, но Челзи и Манчестер Јунајтед се клубовите кои се вклучија во траката за неговиот потпис.
Левандовски позади себе има уште една фантастична сезона во која постигна 41 гола на 48 натпревари.