Дома Фудбал Италија „Бомба“: Гвардиола во Серија А, но не во Јувентус

„Бомба“: Гвардиола во Серија А, но не во Јувентус

Шпанскиот медиум „Дон Балон“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека Пеп Гвардиола од следната сезона би можел да се пресели во Серија А.

„Дон Балон“ тврди дека каталонскиот стратег, кој во Италија настапуваше за Бреша и Рома, е блиску до преземање на клупата на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан игра фантастично оваа сезона под водство на Стефано Пиоли и се бори за Скудетото, но „росонерите“ не сакаат да ја испуштат можноста да го ангажираат еден од најдобрите тренери во светот.

Гвардиола неодамна го продолжи договорот со Сити, но наводно е заситен од работата на „Етихад“ и сака ново искуство, а никогаш не криел дека еден ден сака да работи во Италија.

Гвардиола беше голема желба на Јувентус изминатите две лета, но остана во Манчестер Сити, па останува да видиме дали ќе се пресели на „Сан Сиро“, иако тоа звучи неверојатно во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…