Дома Фудбал Италија БОМБА: Анчелоти во Наполи до крајот на неделата!?

БОМБА: Анчелоти во Наполи до крајот на неделата!?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти се очекува во наредние денови да пристигне во Италија и да стави потпис на договорот со Наполи.

Вчера актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари потврди дека не е сигурен дали следната сезона ќе ги предводи „наполитанците.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веќе денес италијанските медиуми потврдија дека Анчелоти постигнал договор и во следните денови официјално ќе го преземе кормилото на италијанскиот клуб.

Официјално Анчелоти ќе биде претставен веднаш откако ќе биде раскинат договорот со Маурицио Сари. Искусниот Италијанец е без ангажман откако во септември доби отказ од Баерн Минхен.

Иако имаше понуди од италијанската репрезентација, Анчелоти во неколку наврати напомена дека сака да предводи клуб и тоа со амбициозен проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Некој како сериозно да го „проколнал“: Нејмар во солзи го напушти теренот (Видео)

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се врати во својата земја кон крајот на јануари за да …