Дома Фудбал Англија Бобан упати критики кон Клоп и Гвардиола

Бобан упати критики кон Клоп и Гвардиола

Легендата на Милан, Звонимир Бобан даде големо интервју за „Газета дело спорт“, во кое ги критикуваше менаџерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и на Ливерпул, Јирген Клоп.

Двајцата често се жалаат за тешкиот распоред, големиот број на натпревари за играчите во домашните конкуренции и Европа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Клоп и Гвардиола ја освојуваат Премиер лигата со своите клубови и секогаш стигнуваат до финалето или полуфиналето на Лигата на шампионите. Имаат 25 ѕвезди и пет замени, не разбирам зошто се жалат. Можеби тоа се само изговори, но не им се потребни. Разбирам дека во Англија имаат уште едно домашно натпреварување, но за тоа треба да се расправаат со својата лига“, изјави Бобан.

„Тие треба да разговараат со своите клубови кои се залагаат да играат повеќе европски натпревари бидејќи таму добиваат најмногу приходи“, додаде Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Беше фудбалска ѕвезда, денес е бездомник и спие на клупа, започна кампања за помош

Аполинар Паниагва, некогаш фудбалска ѕвезда, денес живее како напуштен бездомник на улицит…