Дома Фудбал Италија Близок пријател на Алегри: Не можам да исклучам негово враќање во Јувентус

Близок пријател на Алегри: Не можам да исклучам негово враќање во Јувентус

Maсимилијано Алегри во овој момент е без ангажман, но многу брзо би можел да се врати во клупскиот фудбал.

Враќањето на Алегри го најави неговиот близок пријател Џовани Галеоне кој даде изјава за „Газета дело спорт“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Се слушнав со него пред неколку дена и сигурно ќе се врати на клупскиот фудбал во јуни. По неговиот глас заклучив дека е навистина одлучен. Пред околу една година ќе ја исклучев можноста за негово враќање во Јувентус, но сега дефинитивно не можам тоа да го направам“, изјави Галеоне.

За враќањето на Алегри во Јувентус многу се пишува оиткако Андреа Пирло немаше баш најдобар почеток и клубот нема обезбедено ниту место во Лигата на шампионите следната сезона.

Утрешниот натпревар против Наполи многумина го означуваат како клучен за иднината на Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една…