Дома Фудбал Англија Блесок во пет минути на Салах доволен за победа на Ливерпул против Ипсвич 🎥

Блесок во пет минути на Салах доволен за победа на Ливерпул против Ипсвич 🎥

Екипата на Ливерпул предводена од Мохамед Салах со победа против Ипсвич ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата.

Се држеше храбриот Ипсвич еден час, но потоа на сцена стапи Мохамед Салах кој во пет минути запиша гол и асистенција што беа доволни за конечен триумф.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Салах прво му асистираше на Жота во 60. минута за по пет минути и самиот да се запише во листата на стрелци. Со постигнатиот гол Салах стана и единствениот фудбалер кој постигнал девет гола во првите натпревари од сезоната.

Имаше Ливерпул и уште некоја прилика до стартот, но резултатот не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нема повеќе дилема: Позната е следната дестинација на Салах!?

Следниот потег во кариерата на Мо Салах станува сѐ појасен откако претходно беше објавено …