Новата сезона во СЕХА-Лигата Е.Пелистер ја започна со победа откако вчера беше победена Металопластика со 30:26. По натпреварот место за играта тренерот на битолскиот тим ја искористи приликата за условите во кои тренира неговиот тим.
Салата во Битола е студена и години наназад тоа е проблем за клубот. Проблемот не е е решен и оваа година, па иако управата вложува сериозни средства ракометарите немаат идеални услови за тренирање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да испратам порака до битолчани. Овде нема услови за игра. Оваа температура во која игравме и во која тренираме – не е нормална. И тоа не е спорт за 21 век. Битолчани велат дека многу го сакаат ракометот, но тоа не ми го покажуваат мене, како тренер, како и на играчите, кои се смрзнуваат и кои од студ не можат да ја држат топката“, изјави Бабиќ.
,И тренерот на Металопластика, Веселин Вуковиќ го поддржа Бабиќ и се согласи со неговото тврдење.
„Апсолутно се согласувам со мојот колега. И вчера на тренинг и денес на натпревар навистина им беше многу тешко на ракометарите. Затоа ги молам луѓето од Македонија да направат една сала во Битола во која ќе има нормални услови за игра. Играчите ќе се повредуваат, зашто нема услови. Клубот вложува пари и заслужува подобри услови“, изјави Вуковиќ.