Дома Трансфер зона Битка за најскапиот Хрват: Преговори во Лондон со Манчестер Јунајтед

Битка за најскапиот Хрват: Преговори во Лондон со Манчестер Јунајтед

Интер до крајот на јуни ќе мора да заработи 30 милиони евра за да се усогласи финансискиот фер плеј.

Нивниот најголем адут е Иван Перишиќ, човекот кој може да им направи баланс во финансиското работење. Извесно е дека хрватскиот репрезентативец на лето ќе го напушти Милано. A веќе познати се клубовите кои се заинтересирани за него, а тоа се: Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шеиците од Париз се подготвени да понудат дури 60 милиони евра. Таа информација вчера се актуелизира, а италијанската „Gazzetta“ ја откри реакцијата од Англија. Директорот на Интер, Пјеро Аусилио денеска заминал за Лондон, каде што би требало да ги продолжи преговорите со Манчестер Јунајтед.

„Повеќе не е тајна што сака Жозе Мурињо, а што Интер. Не кријат дека го продаваат Перишиќ, кој најверојатно ќе си замине во Манчестер“, тврди „Gazzetta“ која наскоро најавува и завршување на трансферот.

Перишиќ во Интер пристигна од Волфсбург за 17 милиони евра, а сега за него Италијанците бараат три пати повеќе. Интер се врти околку цената од 55 до 60 милиони евра, пишува истиот извор, додека извори од Лондон тврдат дека Манчестер нема да плати повеќе од 40 милиони. Перишиќ сигурно дека ќе биде најскапиот Хрват на трансфер пазарот ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…