Еден од играчите кои сосема сигурно ќе бидат во центарот на вниманието во финишот на преодниот рок е штоперот на Баерн, Боатенг.
Кога зборуваме за штопер, тогаш не е тешко да погодиме со кој се поврзува. Да, го посакува Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед. Откако пропадна обидот со Јари Мина, Специјалниот се сврте кон Алдервилд од Тотенхем и Боатенг од Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29-годишниот Боатенг веќе седум години е во Баерн, а сега на големо се шпекулира за негов трансфер во Јунајтед.
Приказната се објави во германски Билд, кој пишува дека Јунајтед отвориле преговори со Баерн, кој ќе бара цена од 50 милиони евра, а германскиот дефанзивец исто така го сака и Арсенал.
Покрај Арсенал и Јунајтед се споменува и ПСЖ, па Боатенг би можел да биде најбараниот играч во финишот на преодниот рок.