Дома Фудбал Лига на шампиони Бизарен проблем на „Енфилд“ – нема струја!

Бизарен проблем на „Енфилд“ – нема струја!

На „Енфилд“ спортските работници и медиумите се соочија со неочекуван проблем пред натпреварот помеѓу Ливерпул и Звезда.

Веројатно никој не очекува клуб како Ливерпул кој секој викенд игра во Премиер лигата да се соочи со бизарен проблем – немање на струја!
Почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот и тој не е доведено во прашање, но проблем е за медиумите и останатите во просториите на „Енфилд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, како што стои во објаснувањето од Ливерпул, домаќините се соочуваат со бројни технички проблеми откако „Енфилф“ е реновиран, односно откако се направи проширување, па често пати се случуваат проблеми со струјата.

Рефлекторите работат, но не функционира официјалната продавница и штекерите, се доведува во прашање и можноста за туширање на играчите бидејќи пумпите за вода користат струја за придвижување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид води во трката за фантастичен дефанзивец – цената е 55 милиони евра

Реал Мадрид е во предност за потпишување на Нико Шлотербек, според „Билд“. На германскиот …