Дома Фудбал Останато Бешикташ се покаја: Кариус експресно може да се врати во Ливерпул?

Бешикташ се покаја: Кариус експресно може да се врати во Ливерпул?

Германскиот голман Лорис Кариус како некој да го проколна после финалето во Лигата на шампионите бидејќи повеќе ништо не му оди од рака на фудбалските терени.

Кариус беше очаен во натпреварот од Лигата на шампионите кога Ливерпул загуби од Реал Мадрид со 3:1. Од тој натпревар кариерата на овој голман доживеа страшен пад, а Јирген Клоп се откажа од неговите услуги и го испрати на позајмица.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Интересот не беше преголем, па Кариус заврши во Бешикташ на двегодишна позајмица. Меѓутоа ни таму работите не се добри за овој чувар на мрежата, тој веќе стана мета на исмејување поради неколку неверојатни грешки.

Но, за работите да бидат полоши денес во медиумите се појави вест дека Бешикташ сака што побрзо да се ослободи од Кариус. Иако е договорена позајмица од две години, судејќи според се Германецот после само шест месеци може да се врати на „Енфилд“.

Бешикташ плаќа половина од неговата плата и имаат опција да го откупат кога позајмицата ќе заврши. Меѓутоа изгледа дека во клубот одлучиле дека за нив најдобро е Кариус да го врат и да побараат некое друго решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гарначо ставен на трансфер листа, сигурно го напушта „Олд Трафорд“

Алехандро Гарначо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесу…