Крилниот играч кој беше дел од Лестер, Рашид Чезал е ново засилување на Бешикташ.
Овој 29 годишен фудбалер во Лестер пристигна од Монако во 2018 година, но не се наигра во тој клуб и беше испраќан на позајмици, прво во Фиорентина, потоа во Бешикташ каде што играше одлично.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После завршувањето на сезоната Бешикташ одлучи да го откупи Чезал за околу пет милиони евра.
Чезал е репрезентативец на Алжир, а минатата сезона постигна осум голови за освојувачот на двојна круна во Турција.
Коментари