„Бог вози панда“, е еден од коментарите на фотографијата на легендарниот Роберто Баџо во автомобилот стар 40 години…
Роберто Баџо ја освои „Златната топка“ во 1993 година, со што стана најдобар фудбалер на планетата, но 30 години подоцна тој живее еден поинаков живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не играл откако се пензионираше. Дури и кога игра со нас во дворот, по вториот дриблинг се откажува, бидејќи има силни болки и се плаши повторно да не се повреди“, изјави неговата ќерка Валентина.
Таа објасни како било некогаш да се гледа тато на теренот.
„Не знам што би дал за да го видам на теренот уште 90 минути. Но, без болка во колената. Ми недостига возбудата да го гледам како трча кон голот, дрибла, успорува и потоа… гол! Таа радост, врескавме како луди“.
Легендарниот италијански репрезентативец и ас на Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша има сосема поинаков поглед на животот. Всушност, спасот го најде во напорната работа во моментот кога ја заврши кариерата како фудбалер.
„Сечам дрва, возам трактор и навечер сум уморен, па дури и се онесвестувам“, вели Баџо за местото каде што живее
Баџо во текот на кариерата главно беше втор напаѓач или офанзивен играч за врска. Денеска на Инстаграм има само две објави, а една од нив е за споменатиот автомобил стар 40 години.
Во кариерата заработи 15 милиони евра, но сепак се одлучи за ваков живот на село.