Дома Фудбал Англија Бентеке подобар од Ливерпул на „Енфилд“, Јунајтед надмоќен против Барнли

Бентеке подобар од Ливерпул на „Енфилд“, Јунајтед надмоќен против Барнли

Екипата на Кристал Палас оствари победа на дуелот од 34.коло од Премиер лигата одигран синоќа на гости против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:1. Стрелец на двата гола за гостите беше поранешниот играч на Ливерпул, Кристијан Бентеке во 42.минута и во 74.минута.

Голот за Ливерпул го постигна Фелипе Кутињо во 24.минута од слободен удар. Ова за Кристал Палас е трета победа по ред на теренот на Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На вториот натпревар одигран вчера попладне Манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Барнли со 2:0. Стрелци на головите беа: Марсијал во 21.минута и Вејн Руни во 39.минута.

Резултати на вчера одиграните дуели: Борнмут – Мидлсброу 4:0, Хал – Вотфорд 2:0, Свонси – Стоук 2:0 и Вест Хем – Евертон 0:0.

Во вторник играат Челзи – Саутемптон. На 16.мај ќе се играат дуелите: Арсенал – Сандерленд и Манчестер Сити – ВБА, додека два дена подоцна е натпреварот Лестер – Тотенхем.

Табела: Челзи 75 бодови, Тотенхем 71, Ливерпул 66, Манчестер Сити 64, Манчестер Јунајтед 63, Евертон 58, Арсенал 57.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Некогаш беше најскап бек во светот, сега пронајде нов клуб

Бенџамин Менди (31) ќе потпише двегодишен договор со Погон Шчеќин, информираат полските ме…