Дома Фудбал Бензема даде искрено интервју за заминувањето од Реал: „Како муслиман…

Бензема даде искрено интервју за заминувањето од Реал: „Како муслиман…

Францускиот напаѓач даде интервју за лигата на Саудиска Арабија во кое изјави дека е клучно да се живее во муслиманска земја.

Бензема го изненади и Реал Мадрид и целиот фудбалски свет кога летово реши да ја напушти Шпанија, а негова нова дестинација беше актуелниот шампион на Саудиска Арабија, Ал-Итихад.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако имаше уште една година од договорот со Kралевите, Бензема замина на Блискиот Исток, а сега откри и зошто.

„Како муслиман, кога сте во Мека се чувствувате спокојно… тоа е исклучително место. Јас сум мирен овде“, рече Бензема.

Тој уверува дека му е многу удобно да живее во Арабија поради културата, религијата на земјата и поради тоа колку добро луѓето се однесуваат кон него на улица и на секој стадион каде што оди да игра:

„Саудиска Арабија е муслиманска земја. Ме пречекаа со раширени раце и веднаш се почувствував сакан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…