Реал Мадрид пред почетокот на сезоната во рекорден трансфер од 103 милиони евра во своите редови го доведе Џуд Белингам и го врза на договор на шест години.
Кога ќе се вклучат бонусите трансферот би можел да стигне до износ од 133.9 милиони евра и Белингам би станал најскапиот играч во историјата на клубот, пред Еден Азар кој беше платен 115 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од Азар за кого многумина ќе кажат дека е најголемото промашување во Мадрид, англискиот репрезентативец во својата прва сезона почна да го оправдува богатството кое Реал се обврза да го плати на Борусија Дортмунд при трансферот.
Со 18 голови и 26 одиграни натпревари, Белингам е најдобриот стрелец на Реал во Ла Лига, а кога ќе се погледне неговата вкупна статистика тие бројки се уште поимпресивни. Офанзивниот играч за врска одигра 38 натпревари, постигна 22 гола и асистираше за 10 гола.
Сега беше запрашан да го избере најдобриот играч со кого играл во кариерата (Бирмингам, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид). Англискиот репрезентативец избра двајца.
„Играв со многу добри играчи во Дортмунд и англиската репрезентација, но Тони Крос или Лука Модриќ се веројатно најдобрите. Некој од нив двајца. Тие се фантастични натеренот, секогаш брзо размислуваат и се чекор пред другите“, одговори Белингам.