Дома Трансфер зона Белерин е минато, Каталонците имаат нова мета?

Белерин е минато, Каталонците имаат нова мета?

Шпанскиот фудбалер од редовите на Арсенал, веќе неколку недели се поврзува со трансфер во Барселона, но како што истекува времето станува јасно дека од тој трансфер нема да има ништо.

Барселона испрати две понуди за Шпанецот, но Арсенал два пати ги одбиваше Каталонците. „Топџиите„ не сакаат да го продадат својот десен бек, па Барселона вниманието го сврте кон нови мети.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Новиот тренер на Барселона, Ернесто Велверде на управата и порачал дека не треба да губи време со Белерин доколку не може да го доведе. Наводно, Барса веќе ја има новата голема желба за оваа позиција, а тоа Цезар Аспиликуета од Челзи.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона веќе ги контактирала „сините“ во врска со 27 годишниот играч, но сеуште не е познато дали Челзи има намера воопшто да преговара за продажба на Аспиликуета. Она што е јасно е дека Барса нема време за губење и наскоро мора да го затвори прашање со десната бековска позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…