Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Белгија го објави конечниот список – отпадна Бентеке

Белгија го објави конечниот список – отпадна Бентеке

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез го објави списокот со 24 играчи кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија, а меѓу нив не е Кристијан Бентеке.

Шпанскиот стратег истакна дека одлуката да не го земе Бентеке била најтешка за него, но изјави дека веќе има двајца фудбалери на таа позиција.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Одлуката за Бентеке ми беше најтешка. Но, тоа е за баланс во составот. Ние имаме двајца играчи кои ќе ја покријат позицијата 9. Мичи Батчуаи и Ромелу Лукаку ги зазедоа тие места, а како трета опција е Дрис Мертенс кој може да игра на таа позиција, изјави Мартинез.

Голмани: Тибо Куртоа, Симон Мињоле, Коен Кастелс

Одбрана: Јан Вертонген, Тоби Алдервилд, Томас Вермален, Лорен Симан, Томас Муние, Леандер Дендонкер, Дедрик Бојата, Винсент Компани

Среден ред: Кевин Де Брујн, Муса Дембеле, Аксел Витсел, Маруан Фелаини, Јури Тилеманс, Торган Азар, Насер Чадли, Јаник Караско, Аднан Јанузај

Напад: Еден Азар, Ромелу Лукаку, Мичи Батчуаи, Дрис Мертенс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Инфантино: Светското клупско првенство е успешно, имаме 2 милијарди долари профит

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека Све…