Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Реал Сосиједад на гости со 3:1 во рамки на 4. коло од шпанската Ла Лига.
Реал на оваа средба играше без неколку клучни играчи, но и покрај тоа успеаа да остварат победа и тоа без големи проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По само 19. минути младиот напаѓач на Реал, Мајорал погоди за водство на Кралевите. Сепак, само девет минути подоцна Родригез погоди за израмнување.
До крајот на првиот дел беше забележан уште еден гол и тоа во мрежата на домашниот состав.
Во продолжението на средбата, победата на Реал ја потврди Герет Бејл, на асистенција на Иско.
Реал Мадрид сега е на 4. позиција на табелата со 8 бодови по 4 меча, додека Сосиједад е веднаш пред нив со еден бод повеќе.