Дома Фудбал Англија Без победник во лондонското дерби, Челзи продолжува да тоне🎥

Без победник во лондонското дерби, Челзи продолжува да тоне🎥

Големото дерби помеѓу Арсенал и Тотенхем заврши без победник, а Челзи запиша нов пораз на домашен терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар со четири гола, но на крајот немаше победник.

Домаќините подобро го отворија мечот, создаваа шанси, а Тотенхем се закануваше со спорадични напади. Тоа доведе до предност за Арсенал, кога шутот на Сака удри во Ромеро и заврши во голот. Меѓутоа, до полувремето Сон израмни на 1:1.

Во второто полувреме, „топчиите“ пак беа во предност со голот на Букајо Сака во 54. минута од пенал, но само една минута подоцна Сон повторно израмни за конечни 2:2.

Мизеријата на Челзи продолжи со нов пораз на „Стенфорд Бриџ“ овој пат од Астон Вила. Домаќините беа далеку подобар противник, промашуваа неверојатни шанси, но во вториот дел останаа со играч помалку, а тоа го казни Астон Вила со голот на Воткинс во 74-та минута.

Ливерпул и Брајтон запишаа идентични домашни победи од 3:1 против Вест Хем односно Борнмут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голема размена во НБА: Ламело Бол има нов клуб!

Најсилната кошаркарска лига на светот ја потресе значајна вест за трансфер. Еден од најдин…