Maкедонската репрезентација денес одигра сосема поинаков натпревар од оној во Скопје и беше поразена во Алборг од Данска со 37:21.
Ова е пораз кој не треба да разочарува и кој до некаде беше и очекуван. Дека е така покажа и Лазаров кој се изостави себе си и Миркуловски за овој дуел со цел да одморат и да им дадат простор на помладите против една од најсилните репрезентации во светот. Кога на тоа ќе се додаде и дека Стоилов и Димитриоски останаа во Скопје поради повреди јасно е дека денес Македонија имаше поинаков лик и со таков ростер тешко можевме да се спротиставиме на една Данска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конкурентни на Данците им бевме само во првите десетина минути после следуваше еден долг период без погодок, а Данска само го зголемуваше водството на крајот дојдоа до победа од 16 разлика.
Кај нас најефикасен беше Кузмановски со пет гола, Велковски и Пешевски имаа по три, Никола Марковски, Ненад Костерски и Гоце Георгиевски по два гола. Кај Данците Гидсел имаше 100% ефект седум од седум.
После оваа победа на Данска ја стигнува Македонија со шест освоени бодови на првата позиција, но тие се лидери поради подобриот меѓусебен дуел.