Дома Видео Беа толку блиску: Влегоа на теренот да дојдат до Ибра, а потоа се посрамотија

Беа толку блиску: Влегоа на теренот да дојдат до Ибра, а потоа се посрамотија

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа беа поразени во гости против Колорадо со 2:1.

Во овој натпревар возбудувањата ги видовме дури во последните десетина минути кога беа постигнати сите погодоци. Домашниот тим поведе во 79. минута преку Басета, но само три минути подоцна Галакси израмни на 1:1 преку Гонзалез.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, во 85. минута судијата свирна пенал за Колорадо со што предизвика големо незадоволство кај гостинскиот табор. Но, судијата не ја промени одлуката иако можеше да побара помош од ВАР. Пеналот беше реализиран за конечни 2:1.

Неверојатна сцена видовме на крајот од натпреварот кога двајца навивачи успеале да влезат на теренот. Еден од нив сакаше да дојде до Ибрахимовиќ и токму кога успеа се клизна и падна покрај Швеѓанецот.

Вториот некако успеа барем да се ракува со легендарниот напаѓач, но членовите на обезбедувањето експресно реагираа и брзо беа изнесени од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…