Мичу Батшуаи беше многу блиску до останување во Премиер лигата, но неговиот трансфер во Нотингем Форест пропадна во последен момент.
Се очекуваше Белгиецот во финишот од преодниот рок да го напушти Челзи и неговото преминување во Нотингем Форест беше завршена работа, меѓутоа се пропадна во последните минути од преодниот рок.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Батшуаи се уште има договор со Челзи до летото 2023 година, иако поголемиот дел од својот престој во Лондон го помина на позајмици.
Јасно е дека за него нема повеќе место во Челзи, а сега може да направи трансфер во Турција, каде се уште е отворен трансфер пазарот.
Фенербахче покажува сериозен интерес да го донесе во своите редови, па двете страни се блиску до договор.