Дома Останати Авто Мото Батон: Ако Хамилтон замине во Ферари тоа ќе биде крај на неговата кариера

Батон: Ако Хамилтон замине во Ферари тоа ќе биде крај на неговата кариера

0

Дали Луис Хамилтон пред да замине во пензија ќе седне во болидот на Ферари? Тоа е идеја која на многу Ф1 фанови им минува низ глава.

Џенсон Батон, светскиот првак од 2009. година, смета дека преминот во Ферари би бил многу ризичен потег за Хамилтон.

„Сигурен сум дека сите возачи сакаат да заминат во Ферари, но ниту еден возач не сака да премине од тимот кој победува во оној кој не е конкурентен.“ – изјави Батон за Авто Билд.

Батон вели дека за Хамилтон би било најдобро да остане во Мерцедес доколку сака да го сруши рекордот на Михаел Шумахер во број на титули светски првак.

„Би било многу храбро од него да премине во Ферари. Луис може да освои десет титули ако остане во Мерцедес, додека преминот во Ферари би можел да значи крај на неговата кариера.“ – додаде Британецот.

Хамилтон и оваа сезона е водечки на листата и е на вистински пат да ја освои шестата титула светски првак.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Вакво нешто не се гледа често: Леклер една од најопасните кривини ја помина со една рака (ВИДЕО)

Викендот во Јапонија за Чарл Леклер не беше онаков каков што го замислуваше возачот на Фер…