Дома Фудбал Бартомеу ја „лаже“ јавноста: Потписот на Меси го нема, а договорот е невалиден?!

Бартомеу ја „лаже“ јавноста: Потписот на Меси го нема, а договорот е невалиден?!

Иако актуелен претседателот на Барселона, Бартомеу веќе некое време ги смирува навивачите на Каталонците од изјавите кои наговестуваат дека Лео Меси наскоро ќе потпише нов договор со каталонскиот клуб, некогашниот кандидат за претседател на овој клуб, Агусти Бенедито смета дека Бартомеу „манипулира јавноста“.

Инаку, Бенедито е еден од најгласните заговорници за смена на Бартомеу по изминатата лоша сезона и преодниот рок во кој Каталонците останаа без Нејмар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бартомеу порано истакнуваше дека е потребна само фотографија од официјалното потпишување на новиот договор на Меси, со оглед на тоа дека неговиот татко и менаџер, веќе го стави потписот со Барселона. Сепак, истакнува дека причината за одолговлекувањето на преговорите со Меси е токму Бартомеу, па се уште не се знае, кога, ако воопшто Аргентинецот ќе ја продолжи соработката со Барселона.

„Бартомеу истакна дека договорот е потпишан и дека се преостанати само некои формалности. Но, тој договор, без потписот на Лео не е валиден. Дури иако неговиот татко го потпишал, потребен е потпис од играчот. Можно е присуството на Бартомеу да е препрека за продолжување. Се надевам дека претседателот сепак искрено се ќе објасни. Ова не би било првпат да ја лаже јавноста“, истакна Бенедито за ЕСПН.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…