Дома Фудбал Останато Бартомеу потврди: Тужба до УЕФА за ПСЖ и Нејмар!

Бартомеу потврди: Тужба до УЕФА за ПСЖ и Нејмар!

Трансферот на Нејмар во ПСЖ со кој беа срушени сите рекорди сеуште е главна тема во светските медиуми, а сигурно ќе биде уште долго бидејќи Барселона најави тужба до францускиот клуб.

Имено, претседателот на каталонскиот клуб, Хосе Марија Бартмеу потврди дека е испратена тужба до УЕФА поради наводни нерегуларности во реализација на трансферот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нејмар сакаше да замине, но формата и начинот на кој го направи тоа беа некоректни. Испративме официјално тужба до УЕФА и сега се е во нивни раце“, изјави Бартомеу.

„Барселона е клуб со 118-годишна историја, со повеќе од 140.000 ’сосиоси’ и клубот им припаѓа на сите нив. Ние не сме клуб кој е во рацете на некој олигарх или шеик“, додаде првиот човек на Барселона.

Потсетуваме, ПСЖ ја активираше откупната клаузула од 222 милиони евра и го направи Нејмар најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рио Фердинанд има свој фаворит за освојување во Премиер лигата, го прогнозираше и дербито за викендот!

Рио Фердинанд ги издвојува Ливерпул како фаворит за титулата во Премиер лигата и верува де…