Дома Топ вести Бартомеу може да заврши во затвор поради Меси

Бартомеу може да заврши во затвор поради Меси

Еден од најдобрите фудбалери во историјата и капитен на Барселона, Лионел Меси влезе во „отворена војна“ со клубот и сака да си замине ова лето.

Големата борба на претседателот Бартомеу да не му дозволи на Меси да си замине како слободен агент има и лични мотиви.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еминентниот шпански новинар Гилием Балаге, тврди дека доколку Бартомеу се согласи да го пушти Меси без обесштетување, или со сума помала од пропишаната во договорот би можел да заврши зад решетки.

„Ако Бартомеу го продаде Меси по некоја помала цена од таа која е поставена во клаузулата, би можел да биде обвинет за лошо управување. Тоа значи дека разликата од вистинската цена на вредноста ќе мора да ја плати од сопствениот џеб или ќе замине во затвор. Поради тоа тој ќе се бори до крај Меси да остане во Барселона“, напиша Балаге.

Договорот на Меси трае до 2021 година, а во него имаше клаузула според која можеше да го раскине договорот една година порано. Сепак, Ла Лига соопшти дека рокот за клаузулата завршил.

Меси одби да тренира и да дојде во тренинг базата на Барселона, а во текот на оваа недела се очекува средба помеѓу неговиот татко и претседателот Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…