Екипата на Барселона ја постави откупната цена за Иван Ракитиќ.
Хрватскиот фудбалер скоро сигурно ќе ги напушти редовите на тимот од Камп Ноу во летниот преоден рок, а според некои информации од Шпанија, кариерата ќе ја продолжи во Севиља.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Барселона е подготвена да го продаде искусниот играч. За неговите услуги бара 20 милиони евра и таа сума не би требало да претставува проблем за тимот од Андалузија.
Ракитиќ покрај Севиља се поврзува и со Манчестер Јунајтед, но поверојатно е дека сепак ќе остане во Шпанија.
Овој 32-годишен фудбалер во Барселона пристигна токму од Севиља во 2014 година, а на Камп Ноу освои се што можеше да се освои.
Ракитиќ за каталонскиот великан одигра вкупно 299 натпревари и постигна 35 погодоци.