„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламине Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на Барселона, Лапорта во гостувањето во подкастот на клубот.
Неговата изјава ја пренесе Фабрицио Романо кој додаде дека се работи за понуда од Пари Сен Жермен која пристигнала уште пред официјалното отворање на овогодинешниот летен преоден рок.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
„Која би требало да биде сега вредноста на Јамал, кога го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот? додаде Лапорта.
Доколку Барселона ја прифатеше таа понуда за Јамал, тој ќе станеше најскапиот играч во историјата на фудбалот.
Во моментов тој статус го има Нејмар, кој беше купен од ПСЖ во 2017 за 222 милиони евра.