Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал на лето готово сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“.
Французинот ги одби понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија во зимскиот преоден рок.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024 година, па Барселона гледа шанса да го доведе без обештетување.
Каталонскиот клуб сака да доведе засилување во нападот, но нема големи финансиски ресурси, па Марсијал изгледа како идеална опција.
Барселона веќе стапила во контакт со агентот на Французинот и започнале преговори.