Барселона спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“.




Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на Пике е неизвесна.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кулибали е на врвот на листата желби на Чави, па Каталонците сакаат да му ја исполнат желбата.
30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.




Каталонците стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што побрзо да постигнат договор за да испратат понуда до Наполи.