Дома Топ вести Барселона спреми 80 милиони за ѕвездата на Сити

Барселона спреми 80 милиони за ѕвездата на Сити

Барселона е силно заинтересирана за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Барселона е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Каталонците на лето сакаат да се разделат со Левандовски и веќе ја почнаа потрагата по негов наследник, а најголема желба на Чави е токму Алварез.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, но Барселона е спремна да понуди 80 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oфицијално: Премиер лигата му врати бодови на Евертон!

Дисциплинската комсија на Премиер лигата донесе одлука за намалување на казната на Еверон.…