Дома Фудбал Барселона со „петарда“ против Леганес до четвртфинале во Купот (видео)

Барселона со „петарда“ против Леганес до четвртфинале во Купот (видео)

За разлика од минатото коло во Купот, овој пат Барселона лесно се справи со Леганес и со победа од 5:0 се пласираше во четвртфиналето.

Кике Сетиен на терен го изведе најсилниот тим, па јасно беше дека Барселона сериозно влегува во натпреварот и брзо стигна до водство. Антоан Гризман го отвори резултатот уште во четвртата минута, а неколку минути подоцна Ленгле зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на одмор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во второто полувреме Каталонците не застанаа и до врв ја наполнија мрежата на противникот. Меси постигна два гола, а еднаш погоди и Артур за конечни 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…