Дома Фудбал Барселона се соочува со голем НЕПРИЈАТЕЛ: Досега „настрадаа“ Валверде и двајца првотимци!

Барселона се соочува со голем НЕПРИЈАТЕЛ: Досега „настрадаа“ Валверде и двајца првотимци!

Не и можат ништо противниците, додека чекори кон тројната круна, но затоа Барселона страда од друг непријател.

Со почетокот на неделата, во Барселона се вовлече вироза на цревата. Погоолемиот дел од играчите почувствуваа типични симптоми: тегоби, мачнина, пролив и покачена температура.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Особено патат Ернесто Валверде, фитнес тренерот, Хуан Антонио Посанко, како и играчите Бускетс и Андре Гомез.

Португалскиот играч за врска мина најтешко. Покачена температура имаше од саботата, а во средата е хоспитализиран. Примен е дехидриран, па мораше да добие инфузија, по што е пуштен на домашно лекување.

Гомез настапи како првотимец во последните два натпревари пред да се разболи, по што Алавеш во првенството и Валенсија во Купот ги пропушти поради оправдани причини.

Барселона во недела гостува кај Еспањол во градското дерби. До тогаш ќе видиме, дали вирусот ќе ги прескокне останатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…