Дома Фудбал Барселона поради киксот со дресовите од „Најк“ ќе бара огромна оштета

Барселона поради киксот со дресовите од „Најк“ ќе бара огромна оштета

„Најк“ пред неколку дена објави дека ќе мора да ја одложи промоцијата на новиот дрес на Барселона.

Американската компанија објави како ќе изгледа новиот дрес на каталонскиот клуб, но претставувањето мораа да го одложат. Барселона во последните две кола требаше да игра во новите дресови, меѓутоа тоа сега тешко дека ќе се случи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Навивачите ќе мораат да причекаат уште малку поради проблемите кои се појавија. Во „Најк“ сфатиле дека бојата на дресовите избледува кога ќе дојде во допир со вода или пот што секако е проблем.

Дресовите требаше да бидат пуштени во продажба, сепак тоа не се случи и сега „Најк“ ќе работи на изработка на нов материјал. Се уште не е познато за колку ќе биде одложена промоцијата, но сигурно е дека тоа ќе ја чини Барселона.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ќе изгуби 15-20 милиони евра. Тие пари како оштета Барселона преку тужба ќе ги бара од „Најк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…