Жерард Пике синоќа беше херој за Барселона против Севиља, но дефанзивецот повторно го повреди коленото.
Пике денес беше на лекарски прегледи и се потврди дека има истегнување на лигаментите на десното колено, па му следува пауза од три недели.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тоа значи дека Пике ќе пропушти неколку важни натпревари, меѓу кои и реванш дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони, како и тешкото гостување кај Реал Сосиедад.
Оваа сезона Пике има проблем со повредите и одигра само 15 натпревари.