Дома Трансфер зона Барселона не се откажува и подготвува сериозен удар за Пеп Гвардиола

Барселона не се откажува и подготвува сериозен удар за Пеп Гвардиола

Пеп Гвардиола е тренерската легенда на Барселона, но овој клуб би можел да му зададе сериозен удар на лето, со оглед на тоа што желбите на лидерот на Барселона и шпанскиот стручњак се спротивни.

Паралелно со мисијата за враќање на Лео Меси на „Камп Ноу“, челниците на Барселона истовремено работат и на други трансфери, па како што пишува шпански Спорт веќе го решиле првото засилување за летото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Станува збор за Илкај Гундоган, 32-годишниот германски играч за врска кој долго време е на радарот на Чави Ернандез.

На актуелниот капитен на Манчестер Сити му истекува договорот со англискиот тим, а шпанските медиуми најавуваат дека Гундоган ќе ја прифати понудата на Барселона.

Споменатиот извор оди дотаму што ја објавува должината на договорот што наводно Гундоган го прифатил, а тој изнесува три години.

Иако ќе мора да се откаже од дел од платата во Манчестер Сити, Гундоган е возбуден поради новиот проект и планира одлуката да ја објави по финалето на Лигата на шампионите, закажано за 10 јуни во Истанбул.

Да потсетиме, неговиот договор во Англија истекува, а Пеп Гвардиола сака да го задржи во тимот и да потпише нов, кој очигледно на крајот нема има ништо.

Пред неколку дена Чави беше прашан за овој играч. Тој не даде конкретен одговор, но јасно кажа дека се уште никој не го одбил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдена лоша вест: Барселона без Рафиња и во потенцијалното полуфинале на Лигата на шампионите

Капитенот на Барселона, Рафиња, се здоби со нова повреда на задната ложа поради што ќе мор…