Тешката финансиска ситуација продолжува да ја „тресе“ Барселона, а шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите со Ансу Фати за нов договор не одат во добра насока.
Актуелниот договор на 18-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, но Барселона има опција за автоматско продолжување на уште една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Каталонците започнаа преговори за нов догорочен договор, но имаат проблеми со неговиот агент Жорге Мендеш.
Барселона не е во ситуација да му понуди богат и долгорочен договор на Фати поради тешката финансиска ситуација.
Другата причина за застој во преговорите е што каталонскиот клуб сака во новиот договор да има откупна клаузула од 1 милијарда евра, а тоа Мендеш не сака да го прифати.