Според шпанските медиуми, екипата на Барселона сериозно размислува за доведување на соиграчот на Горан Пандев од редовите на Џенова.
Наводно, шпанскиот гигант ја разгледува можноста за ангажман на 23 годишниот напаѓач на Џенова, Кристоф Пиатек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот фудбалер игра одлично на стартот од сезоната и веќе постигна седум погодоци на три натпревари за Џенова со што го привлече вниманието на Барса која во него гледа како на нов „Левандовски“.
На Барселона еден напаѓач и е непоходен, јасно е потребен играч за клупата. Со заминувањето на Пако Алкасер во Бoрусија Дортмунд се отвори место, па Пиатек наводно би можел да заврши на „Камп Ноу“ во јануари.
Овој фудбалер од 2016 до 2018 година го носеше дресот на Краковија. Постигна 32 погодоци на 65 натпревари за полскиот тим и ова лето пристигна во Џенова.
Од седумте погодоци за Џенова, Пиатек постигна три на два првенствени натпревари, а четири на еден натпревар од Купот на Италија.