Дома Фудбал Барселона конечно добива добри вести: Сезоната за Суарез сепак не е завршена?

Барселона конечно добива добри вести: Сезоната за Суарез сепак не е завршена?

Деновиве навивачите на Барселона навикнаа да добиваат лоши вести за проблеми во клубот и повреди, а сега конечно добиваат една добра информација.

Шпанските медиуми утрово објавија дека Луис Суарез кој се здоби со тешка повреда на колето се рехабилитира побрзо од очекуваното и повеќе не употребува патерици за да се движи. Претходно најавите беа дека сезоната за Суарез е завршена, но сега се тврди дека Уругваецот би можел да се врати за најважниот дел од сезоната.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ако Барселона стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите во април, Суарез ќе биде спремен да помогне, односно ќе се врати за последните четири натпревари во Ла Лига кои може да се случи да бидат клучни во борбата за титулата во Шпанија.

Ќе потсетиме, Барселона вчера објави дека Осман Дембеле кој исто така е повреден после операцијата ќе отсуствува шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијан…