Барселона ова лето со сите сили ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Лаутаро некое време е желба на каталонскиот клуб и според многумина тој е идеалната замена за Луис Суарез. Аргентинецот нема ништо против за трансфер во Барса која има шанса да ја активира неговата откупна клазула од 111 милиони евра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сепак, Каталонците ќе се обидат да ја симнат цената за Лаутаро и ќе му понуди на Интер во трансферот да бидат вклучени и неколку играчи. Но, Интер сака само пари што очигледно Барселона не е подготвена во овој момент да плати.
Мундо Депортиво пишува дека во Барселона размислуваат и за резервна опција доколку не успеат да го донесат Лаутаро. Наводно, прва желба им е Александер Исак кој оваа сезона игра одлично во дресот на Реал Сосиедад.
Сепак, проблем за Барселона може да претставува фактот што тој има откупна клазула од 70 милиони евра и Сосиедад ќе се согласи на трансфер само доколку некој се одлучи да ја издвои таа сума за овој 20-годишен напаѓач.